Барате повеќе информации? +389 2 32 27 625

КВАЛИТЕТ

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

БОРТАС ДОО СКОПЈЕ, како лиценцирана компанија останува посветена на определбите за постојан развој на полето на реализација на објекти од високоградба, нискоградба, градежни и градежно занатски работи, проектирање и развој, секако во насока на заштита на животната средина, а во согласност со барањата на Системот за менаџмент со квалитет.

Врз основа на визијата на компанијата за обезбедување на квалитетни енергетско ефикасни и функционални производи, по достапни цени, Управителот и раководството на БОРТАС ДОО СКОПЈЕ ја дефинираат политиката за квалитет како основа за обезбедување на постојаност на квалитативните параметри во работењето, почитување и примена на законската регулатива и на професионалните стандарди во сите активности.

Оттука, компанијата изјавува опстојност на определбите за:

  • почитување и исполнување на законските прописи и правила во целокупното работење,

  • водење грижа за заштита на животната средина и исполнување на законските барања и обврски спрема општествената заедница,

  • примена на нови концепти и технологии за изградба на енергетско ефикасни станбено – деловни објекти, со висококвалитетни материјали и со современа опрема и механизација,

  • подршка и поттикнување на континуирана надградба на искуствата и знаењето на вработените на сите нивоа,

  • градење и негување на квалитетни партнерства со добавувачи / подизведувачи / соработници,

  • одржување на висок квалитет на производите и услугите, во пресрет на потребите и очекувањата на клиентите и за исполнување на нивните барања,

  • сите вработени во компанијата, како и соработниците и подизведувачите ангажирани од компанијата, имаат обврска и одговорност во делокругот на своите работи и работни задачи, да овозможат одржување на системот за квалитет и за заштита на животната средина, со залагање за постојано подобрување на истото, во континуитет.