Барате повеќе информации? +389 2 32 27 625

БОРТАС СО ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

БОРТАС СО ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР

19Sep 2018

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека  градежната компанија Бортас ДОО Скопје започнува со нов проект  за поддршка на сите микро, мали и средни претпријатија кои се во потрага по сопствен деловен простор.

Со проектот, секој претприемач кој сака да купи деловен простор ќе може истото да го стори со користење на грејс период од 6 месеци.
Со платено учество од 20% од целокупната купопродажна цена на деловниот простор, новиот купувач ќе може непречено да го користи просторот во период од 6 месеци. По завршување на грејс периодот купувачот ќе може да подигне кредит во некоја од комерцијаните банки и целосно да го исплати деловниот простор.

Проектот ги опфаќа сите физички и правни лица кои имаат потреба од сопствен деловен простор за извршување на дејноста во која работат, а посебно се издвоени социјалните претприемништва за кои важат посебни услови и поволности.  За сите претпријатија кои преку своето работење вршат позитивен импакт врз општествената заедница, а со тоа се активно вклучени во развојот на социјалната економија во земјата, нудиме значително пониски цени по м2, а за новоотворените социјално одговорни компании, грејс период од цели 12 месеци.

Со користење на поволностите кои ги нуди проектот, на новите претприемачи им е овозможено значително намалување на стартните трошоци, пореалксирано планирање на средствата со кои располагаат  и финално, избегнување на трошоците за закуп на деловен простор со пренасочување на истите во трајна инвестиција.

Напоменуваме дека Бортас во своето 28 годишно постоење има воспоставено одлична соработка со комерцијалните банки кај нас и на своите клиенти им нуди целосна поддршка во водење на целиот процес- од избор на соодветен простор, преку аплицирање за кредит, до добивање на имотен лист.

За подетални информации околу условите и евентуални дополнителни поволности, тимот на Бортас Ве очекува на 02/3232631 и 02/3227625.

Category: