Стан 68.5м2
Станот е со површина од 68.5м2, и располага со две спални соби, дневен боравок со трпезарија, природно осветлена кујна и тераса со одличен поглед на реката Вардар.
Станот се наоѓа во нашиот нов објект Riverview Residence, на самиот кеј на реката Вардар.
Објектот е сместен на одлична локација, во чиста и мирна средина, изолиран од градскиот метеж, а оддалечен на само 3км од центарот на градот. Поставен е на самиот кеј на реката Вардар со непречен поглед кон Градскиот Парк и Водно. Ваквата негова поставеност го прави идеален избор за секој оној кој сака да ужива во природата, а сепак да го има градот на дофат.
Пристапот до објектот е од Бул. 8-ми Септември со оддалеченост од 300м, а паркирањето е обезбедено на надземни и подземни паркинг места во рамките на сопствената парцела.
- катност По+П+3+Пк
- површина на станови од 18-108м2
- парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите
- А класа енергетско ефикасен објект
- сопствен (индивидуален) систем на греење
- вграден клима уред
- прва класа на паркет, плочки и санитарии, внатрешна и фасадна столарија
- видеофонија и видео надзор
За подетални информации, тимот на Бортас Ве очекува на +389 2 32 27 625 или +389 2 32 32 631.