Стан 35 - 75m2 - Ново Лисиче
Станот е со вкупна површина од 75м2, со можност за додатни 32м2 во вид на галерија во повисокиот дел од станот. Располага со две спални соби (со можност за уште 2 соби во галеријата) одвоени со ходник од дневниот боравок, дневен боравок со трпезариски простор, природно осветлена кујна, купатило во делот кај спалните соби и гостински тоалет.
Станот е опремен со двоен систем на греење (индивидуално електрично котле, како и можност за приклучок кон јавната топлификациска мрежа), вграден клима уред, буков паркет прва класа, шпански керамички плочки- прва класа, видеофонија како и видео надзор со камера поставена пред влезот на станот. Одлична звучна и термичка изолација - изведена според Европските стандарди за енергетска ефикасност (со 40% заштеда при греење).
Станот се веднаш вселив.
Објектот 2.4 е сместен во непосредна близина на трговскиот центар-Рамстор во Аеродром, новиот парк Аеродром, трговски објекти, банки, детска градинка, основно училиште, детски игралишта и тревни површини. Развиената околна инфраструктура и неколкуте јавни градски линии нудат одлична поврзаност со центарот на градот, како и другите градски населби.
За подетални информации околу цената, начинот на плаќање и одредени поволности, Ве молиме јавете се на 02/3227625 и 02/3232631.