Најважната почетна и крајна точка на секој проект се луѓето – Bortas

Најважната почетна и крајна точка на секој проект се луѓето

2023

Компанијата е родена од љубовта на едно семејство кон градежништвото. Оваа љубов, ги поттикна фамилијарниот дух и ‘домаќинското работење’ во компанијата кои до ден денес носат уникатна вредност, близина и стабилност во односите со нашите клиенти, нашите партнери и нашите вработени.

Ние веруваме дека квалитетната градба е многу повеќе од материјали и изработка. Таа произлегува токму од квалитетниот однос помеѓу клиентот и изведувачот. Па така, инспирацијата ја црпиме од желбите на нашите клиенти, кои секогаш се во центарот на нашата работа и секоја нивна потреба е наш предизвик за надминување на нивните очекувања.