Квалитетот не е само стандард. Тоа е вредност која веќе 30 години е всадена во темелите на нашата компанија. Водени од премисата "квалитет пред квантитет", Бортас инвестира во подобрување на квалитетот на живот и зголемување на стандардите за домување.
Сите материјали кои се бираат во процесот на градба се значајни, а нивната безбедност за здравјето на човекот и сертификациите кои ги имаат се клучни во обезбедување на квалитетен живот. Почнувајќи од правилен избор на материјали за хидро и термо изолација, малтерот, циглите, бетонот, па се до прозорите, цевките, плочките и паркетот – сите овие елементи се значаен дел од вашиот нов дом. Изборот на квалитетни материјали е инвестиција, ја зголемува вредноста и трајноста на целиот простор, а вие штедите на долг рок.