MODERNA RESIDENCE
СПОЈ НА ПРИРОДАТА И УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ
Модерна Резиденс е најновиот проект на Бортас, лоциран во луксузната населба Бардовци, на само 10тина минути од центарот на главниот град. Станува збор за една од најуникатните станбени единици во ова подрачје која е совршен спој на природата и урбаното живеење.
KЛИЕНТ
БОРТАС (сопствен објект)
Година
2023
ЛОКАЦИЈА
Бардовци
ТИП НА ОБЈЕКТ
Станбен објект
Објектот е составен од 6 станови и 2 деловни простории во сутерен. Големината на становите се движи од 101м2 до 153м2 што е оптимално за удобен живот на едно семејство. Уникатноста на објектот е во тоа што ја нуди интимноста и удобноста на живеење во сопствена куќа, а истовремено ги нуди и предностите на живеење во стан во однос на заштеда на енергија и лесно одржување.
Зошто Moderna Residence е идеалното место за вас и вашето семејство?
Модерна Резиденс е мал и интимен објект кој се наоѓа на мирна локација, опкружен со природа. Поставеноста на брдо придонесува за висок квалитет на воздухот и пријатното чувство на свеж ветрец во текот на целиот ден. Објектот е составен од 6 станови и 2 деловни простории во сутерен. Големината на становите се движи од 101м2 до 153м2 што е оптимално за удобен живот на едно семејство. Уникатноста на објектот е во тоа што ја нуди интимноста и удобноста на живеење во сопствена куќа, а истовремено ги нуди и предностите на живеење во стан во однос на заштеда на енергија и лесно одржување. Moderna е проектиран со широки и функционални простории со многу природна светлина и прекрасни отворени тераси. Секој стан има свој посебен интимен дел кој нуди уживање надвор, на отворено. Така, становите на најгорниот кат се со кровни тераси, а становите на приземје, имаат сопствен двор. Во согласност со најновите трендови и светски стандарди во градежништвото, Moderna Residence поседува станбени единици кои се синоним за квалитет во секој поглед. Па така, системот за греење и ладење во целиот објект е решен со топлински пумпи Daikin, што е гарантирано најдоброто економично решение на пазарот, што е особено релевантно во услови на енергетска криза. Дополнително, објектот е со одлична звучна и термичка изолација што овозможува оптимална заштеда на семејниот буџет. Тоа што придонесува за модерниот изглед и квалитетот на објектот е и внимателниот избор на завршни материјали кои се селектирани согласно последните трендови на пазарот. Дополнителна поволност за сите клиенти е што идните сопственици ќе имаат можност изборот на дел од елементите (плочки, санитарии и сл.) да го направат индивидуално и да го уредат домот според своја мерка.
За кого е наменет објектот Moderna Residence?
Модерна Резиденс е вистински избор за оние кои бараат висок квалитет на живот, мирно опкружување и супериорна локација. Секоја станбена единица во објектот ги нуди сите потребни услови за модерно домување, а зелената околина овозможува чист воздух, за секојдневие исполнето со здрави навики и чувство на личен и интимен простор за живеење. Објектот е во фаза на градба и поседува имотен лист, а становите ќе бидат вселиви во првата половина на 2023 година.