Градиме подобра иднина за следните генерации – Bortas

Градиме подобра иднина за следните генерации

2023

Бортас својата општествена одговорност ја има цврсто интегрирано во својата бизнис култура и работење. Па така, целосно ја прифаќаме заложбата за „еко-домување“. Следејќи ги најновите архитектонски трендови, во процесот на градба користиме висококвалитетни, првокласни материјали кои објектите ги вбројуваат во А-класа енергетски ефикасни објекти со одлична звучна и термичка изолација, обезбедувајќи повеќе од 50% заштеда на електрична енергија во текот на годината. 

Покрај тоа, во склоп на одговорното работење е и нашата социјална одговорност кон заедницата. Активно се залагаме за унапредување на социјалните бизниси кои се од клучна важност за долгорочна одржливост на општеството, како и поддршка на претприемништвото и новите бизниси преку понуда на поволни цени и олеснителни механизми на отплата.