RIVERVIEW RESIDENCE
ЖИВЕЈ ВО ДОМ ОПКРУЖЕН СО ПРИРОДА
Една од најубавите, уникатни згради во Скопје, изградена во 2021 според најновите стандарди за модерно живеење. Ривервју Резиденс е вистински избор за сите модерни и урбани семејства кои бараат максимална искористеност на секој квадратен метар и функционалност на просторот, а истовремено сакаат да живеат во чиста и зелена околина со лесен пристап до главните точки во градот.
KЛИЕНТ
БОРТАС (сопствен објект)
Година
2022
ЛОКАЦИЈА
Криви Дол
ТИП НА ОБЈЕКТ
Станбен објект
Ривервју Резиденс е граден согласно сите светски стандарди со парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите. Објектот е лоциран во Криви Дол на површина од 1500 m2, со станбен објект во висина од 4 ката (П+3+По – приземје, плус три ката, плус поткровје), составен од 52 стана со зелени тераси, парковски површини во приземјето и сопствен подземен паркинг-простор. Становите се со површина од 30 до 110 m2 и се поделени во три влеза. Објектот има енергетска ефикасност од А класа со сопствен (индивидуален) систем на греење и вграден клима уред во секој стан. За безбедноста на секој дом е инсталиран и видео надзор 24/7 и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг места во рамките на сопствената парцела.
Зошто Ривервју Резиденс е идеалното место за вас и вашето семејство?
Благодарение на одличната местоположба на објектот, Ривервју Резиденс ги нуди сите услови за пријатен живот во динамичното секојдневие. Еден од главните бенефити на локацијата е непосредната близина до Градскиот парк кој за вас и вашето семејство овозможува чист и отворен простор за уживање во физичките активности кои имаат позитивно влијание врз вашeто здравје и развој.
Урбана оаза согласно сите светски стандарди
Оваа симпатична, урбана оаза се простира на 1500 m2, со станбен објект во висина од 4 ката (П+3+По – приземје, плус три ката, плус поткровје), составен од 52 стана со зелени тераси, парковски површини во приземјето и сопствен подземен паркинг-простор. Становите се со површина од 30 до 110 m2 и се поделени во три влеза. Riverview Residence е граден согласно сите светски стандарди со парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите. Тоа што го прави овој објект посебен е и модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.
Функционалност и ефикасност по најновите трендови
Со особено внимание и следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали и опрема за уредување на внатрешноста на секој стан. Иако самата околина е мирна и тивка, објектот е со одлична звучна и термичка изолација што овозможува оптимална заштеда на семејниот буџет. Објектот има енергетска ефикасност од А класа со сопствен (индивидуален) систем на греење и вграден клима уред во секој стан. За безбедноста на секој дом е инсталиран и видео надзор 24/7 и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг места во рамките на сопствената парцела. Уникатниот дизајн, внимателно проектираната функционалност и енергетската ефикасност го издвојуваат објектот од останатата понуда на пазарот, што беше препознаено и од меѓународната заедница, па така објектот освои и награди.